| четврток, 6 декември 2018 |

Две сестри во Битола 13 години не излегуваат од дома (Видео)

Жители од улицата Димче Лахчански во Битола денеска од медиумите побарале помош, откако како што велат, подолго време слушаат лелеци и офкања од стан во нивната зграда каде што живее мајка со две ќерки, јавува Канал 5.

Ќерките се на возраст од 34 и 35 години. По смртта на нивниот татко за нив се грижи само нивната мајка. Соседите велат дека двете ќерки со во тешка здравстевна состојба и веќе со години не изглегуваат надвор. Стравуваат дека можеби дома се задржани против нивна волја. Иако ова го кажувале пред камерите, не сакале да го откријат својот идентитет. Откако случајот е пријавен, денеска во нивниот стан се обиделе да влезат екипи на Центарот за социјални работи во Битола заедно со полициска асистенција. Но никој не ја отворил вратата.

Пред неколку години во станот било влезено со полициска асистенција, по што двете сестри била однесени на болница, а лекувањето било покриено од Центарот за социјални работи. Откако излегле од болница па до денес, двете сестри повторно времето го минувале само дома без контакт со надворешниот свет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top