| четврток, 6 декември 2018 |

Турција ги презема училиштата на Ѓулен во Авганистан

Турција презема контрола врз 12 училишта во Авганистан кои се раководени од организација која се поврзува со муслиманскиот свештеник Фетула Ѓулен кој живее во Соединетите Американски Држави.

Авганистанско-турските училишта сега ќе бидат раководени од турската државна образовна агенција Маариф и покрај противењето на авганистанските родители и ученици.Потегот против невладината организација која управуваше со училиштата изгледа како да е дел од турската кампања против следбениците на Ѓулен, кого официјална Анкара го обвинува дека стоел зад неуспешниот обид за пуч против претседателот Реџеп Таип Ердоган во јули 2016 година.

Невладината организација АТЦЕ, кои тврдат дека се независни работат со училиштата во неколку града во Авганистан, вклучително и во главниот град Кабул од 1995 година. Турскиот министер за образование Исмет Јилмаз и неговиот авганистански колега Мохамед Ибрахим Шинвари денеска присуствуваа на церемонијата на примопредавање во Кабул.

 

извор: slobodnaevropa.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top