| четврток, 6 декември 2018 |

Соло шоу на хрватскиот водител: Направи интервју со празното столче (Видео)

Откако редовното месечно истражување на „КРО-демоскоп“ покажало дека учесниците на анкетата за популарноста на политичарите во Хрватска, најчесто се одлучуваат за понудениот одговор „никој“, односно никој од наведените политичари, водителот на програмата, Зоран Шпрајц во РТЛ Директ одлучил да го угости токму „никој“.

– Господине „никој“, добредојдовте во РТЛ Директ. Какво е чувството да се биде најпопуларниот хрватски политичар?

Се разбира, празната столица не можеше да даде никаков одговор, но Шпрајц сепак и постави уште неколку прашање. Интересното „интервју“ може во целост да го погледнете не видеото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top