| четврток, 6 декември 2018 |

Етнички инциденти во Косово

srbija-kosovo-znameИнформативната агенција Б92 јавува за нови етнички инциденти во Косово. Пукано е врз жена и во општинската зграда во Осојане, а врз српска куќа во друго село е фрлен молотов коктел

Нема повредени во пукањето во Осојане, а Косовската полиција спроведува истрага, јавува белградски Б92. КИМ радиото известува дека нема жртви ниту во општината косовско поле каде е фрлен молотовиот коктел врз семејната куќа, една од 15те останати во реонот. Се пренесува и дека истот семејство неколку пати било цел на напади.

Од друга страна РТК вели дека косовската информативна агенција има информации дека група срби ги оштетувале српските гробишта, како политичка сценарио за тоа да ги обвинат Албанците, со што би се намалил притисокот врз Белград заради отстранувањето на споменикот на ОВПМБ во Прешево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top