| четврток, 6 декември 2018 |

Ја скршил вратата со нога, ја избркал мајка си од соба и го избол до смрт татка си

Четириесет и еден годишен скопјанец (И.Т.) синоќа до смрт го избол татка си (Љ.Т.), информира МВР.
Несреќата се случила на улицата „Чудомир Кантарџиев“ во Скопје.
Според сведокот на настанот, сопругата на убиниот маж додека со Љ.Т. седеле во дневната соба, дошол синот кој ја скршил влезната врата, влегол внатре, по што неа ја избркал од собата и започнал татка си да го влече. Набрзо потоа му нанел неколку убодни рани со остар предмет, по што избегал.

Во текот на ноќта, синот се јавил во Ургентниот центар за укажување лекарска помош поради расекотина која ја имал на левата рака, по што бил приведен од страна на полицијата.

Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, а се преземаат мерки за целосно расчистување на убиството.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top