| четврток, 6 декември 2018 |

Канцеларката во шок: Домати летаа по Меркел на митинг (Видео / Фото)

На германската канцеларка Ангела Меркел биле фрлени два домата од групата насобрана на митингот во рамките на предизборната кампања во Хајдеберг, а полицијата наведува дека го истражува овој инцидент.

Како што се наведува, инцидентот се случил вчера, а портпаролот на полицијата, Давид Фаулхабер за AP рекол дека се истражува кои се извршителите кои се товарат за нанесување на телесни повреди и повреда на имот.

Британските медиуми пишуваат дека од групата се слушале повиците “лицемерко”, “предавничка на народот”, што, според мислењето на “Express”, веројатно е упатено како критика на политиката кон мигрантите.

Се наведува дека еден домат ја погодил Меркел во левиот колк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top