| четврток, 6 декември 2018 |

Сузана ќе почека додека да стане Пепелашка

Некогашната лото девојка и водителка Сузана Манчиќ со месеци ја најавуваше грандиозната свадба во Венеција, со својот партнер, грчкиот банкар Симеон, но свадбата повторно е одложена.

Иако Сузана (60) смета дека нејзе и на нејзиниот сакан (67) им истекува времето, од свадбата изгледа нема ништо. Венчавката наводно е одложена, бидејќи бизнисменот нема време поради многу обврски.

-Се беше подготвено за на 2-ри септември да го изговорат судбоносното „да“, но работните обврски ги спречија во тоа. Симеон и понатаму смета дека бракот на хартија не е толку важен, особено за луѓе на нивни години. Заедно се 16 години и венчавката за него нема да смени ништо, вели нивен пријател за еден српски медиум.

Како што стојат нештата, Сузана веројатно нема наскоро да стане сопруга на грчкиот богаташ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top