| четврток, 6 декември 2018 |

Косовски пратеник: Скендер-бег не е албански херој

Digital StillCamera

Пратеникот во косовскиот парламент, Гезим Келменди, го нарече Ѓерѓ Кастриот-Скендер-бег херој на католиците, а не албански национален херој.

Келмедни, како што пренесува весникот „Експрес“, тоа го аргуменирал со фактот дека во 15 век, во времето кога војувал Скендер-бег, не постоеле нации.

– Католиците го имаат својот херој – Скендер-бег. Во 15 век не постоеле нации и војните биле поради верски прашања – изјавил Келменди во телевизиска емисија.

gezim kelmendi

Тој, исто така, се сомнева и за потеклото на националниот херој поради неговата мајка и постоењето многу народи во тоа време во тогашна Албанија и се согласува дека е потребна измена на албанската историја зашто она што се учело во училиштата не било вистина.

Келменди оценува дека Турција не била окупатор на Албанија, туку само владеела во таа земја и затоа треба да се третира како земја-пријател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top