Албанскиот клуб Скендербег кој оваа сезона стигна до баражот за групите од Лигата на шампионите, ќе се најде под истрага на УЕФА поради сомневањата дека можеби манипулирал со резултатите на два натпревара оваа сезона во ЛШ.
Како што пренесуваат угледните весници „Ел Паис“ и германскиот „Дојче Цајтунг“ УЕФА и во минатото го Скендербег за можни „местенки“.
Невообичаено високи облози се забележани во обложувалниците ширум светот во финишот од мечевите против Крусадерс од Северна Ирска, но на последниот во Загреб против Динамо кога мечот веќе бил решен. Заработувачката е проценета на околу 5 до 10 милиони евра.
При резултат 3-1 за Динамо Загреб, а со оглед дека хрватскиот првак останал со играч помалку, коефициентот на обложувалниците дека Скендербег ќе прими уште еден гол се движел околу 2,5. Меѓутоа, биле уплатени огромни пари, а поради тоа коефициентот паднал и до 1,20. Со оглед дека Скендербег навистина прими голови, истрагата на УЕФА е во тек. Албанците претходно примиле сомнителен погодок и против Крусадерс во Белфаст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонија на 13 октомври го пречекува Лихтенштајн
-
ОЈО по допрен глас отвори истрага: Ќе се гонат тие што пишуваат на Фејсбук за пожарот во Грција
-
Истрага во Србија за македонска надри-лекарка Слаѓана Велков и за Јелена Карлеуша
-
Случај „Јелка Масин“: Ќерката воопшто не била повикана на разговор во Обвинителството