| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот плоштад „Скендербег“ го добива својот лик (галерија)

Новиот плоштад „Скендербег“  во центарот на Скопје го премостува булеварот „Гоце Делчев“, оформувајќи јавен простор со површина од околу 8.000 метри квадратни.

Општина Чаир ја комплетираше реализацијата на втората фаза од изградбата на новиот плоштад.

Во средиштето на јавниот простор е поставена инсталација, чиј облик го следи дизајнот на новиот објект на Македонската филхармонија. Инсталацијата е прекриена во бела боја, градејќи незначителна врска со објектот на Македонската опера и балет.

Просторот под плоштадот е осветлен и е оспособен за движење на возила, пешаци и велосипеди, додека од страничните страни на плоштадот се изведени пристапи за велосипеди, два ескалатора и лифт.

Скалишниот простор се спушта кон стоковната куќа „Мост“, Старата скопска чаршија и споменикот на Скендербег.

Пред некогашната стоковна куќа „Илинден“ е поставен споменикот „Скендербег“, чијшто нов постамент е издигнат неколку метри повисоко во однос на претходниот постамент.

извор: скопје инфо/ фото: build.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top