Петре Шилегов влегува во трката за градоначалник на Скопје. Социјалдемократите ја потврдија неговата кандидатура за прв човек на главниот град. Иако од ВМРО-ДПМНЕ се уште официјално не соопштуваат, сепак речиси извесно е дека Шилегов ќе му биде против кандидат на актуелниот скопски градоначалник Коце Трајановски, кој веќе најави својата кандидатура за втор мандат.
СДСМ ги официјализираше и речиси сите имиња за кандидатите за градоначалници во скопските општини, освен за општина Центар, каде актуелниот градоначалним Андреј Жерновски веќе ги собра неопходните потписи за независна кадидатура. Сепак, иако тој в раце ги има потребните потписи, до денеска се уште не ја официјализирал трката како независен канидат, што според неофицијалните информации значи дека преоворите со СДСМ се уште не се завршени. Интересно е што Жерновски потписи собирал само за градоначалничка кандидатура, а не и за листа на советници во општина Центар.
Од официјалните канидати СДСМ соопшти дека во општина Карпош, ќе се се трка Стефан Богоев, каде се поизвесно е дека ќе се соочи со актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски.
СДСМ во општина Аеродром ќе оди со Златко Марин, Велимир Смилевски во општина Бутел, Борче Георгиевски во Гази Баба, Александар Наумоски во Ѓорче Петров и Филип Темелковски во општина Кисела Вода.
Меѓу потврдените канидати се уште 23 имиња – Јован Стојановски како канидат за Охрид и Благој Бочварски во Штип.
ДИК денеска соопшти дека за локалните избори 27 кадидати за градоначалници ги собрале потребните потписи исто така и 47 независни советнички листи.
16 септември е последниот рок за потврдување на канидатите за трката за локалните избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шилегов: Свесен сум дека станав таргет за потсмев, но мора да ја поставиме целта па да одиме понатаму
-
Шилегов: Влегувањето на Скопје во втората фаза за најзелена престолнина на Европа е знак дека сме на добар пат!
-
Шилегов ја откажал посетата во Будимпешта
-
Шилегов дозволил плаќање на рати на комуналиите за зградата кај „Мајчин дом“