Летот на јапонската авиокомпанија „ЈАЛ“ на линија до Њујорк, принудно слетал на аеродромот во Токио поради проблеми со еден од моторите кој што најверојатно бил предизвикан од птица.
Боинг 777 со 230 патници и 15 членови на екипажот, еден час после полетувањето се вратил на аеродромот во Токио поради проблеми со моторот, пренесува новинската агенција “AFP”.
-Изгледа дека птица влетала во левиот мотор при полетување. Авионот исфрли гориво во воздух за да ја намали тежината во пресрет на принудното слетување, изјави портпаролот на јапонската авиокомпанија.
Никој од патниците не бил повреден, ниту пак била сериозно оштетена структурата на авионот, а авионската писта била затворена. Телевизијата “TBS” прикажа снимка од запалениот мотор на авионот при полетувањето.
-Веднаш после полетувањето, слушнавме пукања и авионот започна да се тресе, изјавил еден од патниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)