| четврток, 6 декември 2018 |

Полни штабови и позитивна атносфера – Младите сили на ВМРО-ДПМНЕ со низа активности и состаноци (Фото)

Победничка клима и атмосфера се чувствува во ВМРО-ДПМНЕ, како на состаноците на сениорите на партијата, така и кај младите. Унијата на млади сили, покрај редовните координации кои ги имаат младите, како што информираат од таму, во последниот период почнаа и со други видови на средби меѓу младите.

Како што велат од младината на ВМРО, УМС никогаш не биле толку сплотени и решени да ги сочуваат темелите на државноста на Република Македонија, а со потезите кои ги прави новата Владата на СДСМ директно се удира по истите.

Сликата која што може да се види на состаноците и собирите на најбројната младинска организација во Македонија, како што велат од УМС, ги потврдуваат очекувањата за голема победа на претстојните локални избори во октомври, кои би претставувале и подлога за предвремени парламентарни избори и враќање на ВМРО-ДПМНЕ на власт на централно ниво.

Преполни сали и многу млади луѓе на состаноците и собирите кои ги организира Унијата на млади сили се секојдневна слика.

Инаку, УМС пред неколку денови започна со теренски активности и секојдневно раководството на организацијата е на терен, каде се слушаат потребите и проблемите на младите, се со цел тие да бидат решени кога повторно ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт, велат од младинската организација на најбројната партија во Собранието.

Покрај добрата атмосфера во комитетите на ВМРО-ДПМНЕ, победа на локалните избори предвидуваат и испитувањата на јавното мислење на граѓаните. Анкетите на институтот „Павел Шатев“ покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде до голема победа на претстојните локални избори.

37.8 отсто од анкетираните граѓани сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, додека 20.7 отсто велат дека тоа ќе биде СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top