| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: ВМРО никогаш не стои, ВМРО се движи, се движи напред и успева

– Знам дека можеби дел од Вас не добија шанса да се вклучат и допринесат, се трудевме да вклучиме што повеќе, но знам и дека секој кој има војла и желба, знаење и спремност за работа, ќе добие шанса по повторното враќање на ВМРО-ДПМНЕ на власт во Република Македонија кое брзо ќе се случи – посочи Никола Груевски во својот говор пред младите членови од УМС и додаде:

– Дотогаш, ќе ги зацврстиме и збиеме нашите редови, ќе се преброиме и прочистиме, и ќе го изанализираме нашето работење и нашите пропусти и грешки, но и нашите добри политики и исправни одлуки кои треба да продолжат, ќе развиеме нови идеи и програми за развој на Македонија, ќе продолжиме да се бориме за Македонија и за подобар живот во неа и од сегашната позиција, и повторно со победа ќе се вратиме на чело на државата.

– Нивните напори да не девалвираат, да не омаловажат, да не понижат, да не клеветат и обвинуваат, да не скршат и поделат, да не ослабат и прикажат во лошо светло ќе завршат без успех. ВМРО е создадена некогаш во илегала а подоцна во опозиција, и во такви услови знае како да стане повторно победник и да ја придвижи Македонија. ВМРО никогаш не стои, ВМРО се движи,се движи напред и успева. Изгубеното време во работење против нас, ќе им се врати како бумеранг на следните избори кога повторно ќе се соочат со судот на народот, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top