| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Решававме стотици проблеми на младите

– Заедно со многумина од Вас од УМС, градевме патишта, водоводи, гасоводи, но и спортски игралишта и спортски сали. Решававме стотици проблеми на младите преку бројни проекти и законски решенија кои им го подобруваа и олеснуваа животот како на пример бесплатниот автобски превоз за средношколци и студенти,евтините авиолетови за патувања во странство, укинувањето на визити за патување низ Европа, обновата на студентските домови, бесплатниот интернет, компјутерите за студентите од повеќе генерации, беспалтните патувања за најдобрите студенти, преводот на најквалитетните книги, беспалтните патувања со возови во дел од викендите, зголемените стипендии, и се друго што на секој млад човек му даваше можност да се чуствува подобро и да има повеќе шанси – посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во своето обраќање по повод 26 години УМС на ВМРО-ДПМНЕ и додаде:

– Помалку зборувавме, повеќе спроведувавме и испорачувавме резултати, за разлика од овие денес, кои само зборуваат и ветуваат, а резултати засега нема. И за сето ова, заслужни се сите оние кои на било кој начин помагаа во овие процеси, но и сите оние млади кои со својот активизам и глас ги подржуваа процесите. Сите досегашни раководства на УМС, вклучително и актуелното, сите нивни претседатели, вклучувајки го актуелниот претседател на УМС Владимир Неловски, се дел од оваа успешна приказна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top