| четврток, 6 декември 2018 |

Пеги Витсон, најстариот женски астронаут се врати на земјата (Видео)

Пеги Витсон требаше да пристигне на Земјата уште во јуни, но таа реши да го продолжи престојот во вселената и затоа кога се отвори слободно место на вселенската станица „Сојуз“, веднаш се приклучи на рускиот екипаж.

Со последната вселенска авантура Витсон постави неколку рекорди: жена со најдолг престој во вселената (665 дена), најстариот женски астронаут кој патувал во вселената (57 години) и жена со најмногу патувања во вселената (10 пати). Покрај тоа, Пеги Витсон во последниот лет стана и првата жена која двапати била командант на вселенска станица.

По крајот на последното патување, таа се искачи на осмото место на астронаути со најдолго поминато време во вселената, со 665 дена. Првото место на оваа листа му припаѓа на русинот Генади Падалка, кој има стаж од 879 дена во вселената.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top