На написот кој вчера „Република“ го објави на кој може да се види службено возило на скопска пивара како е непрописно паркирано на зелена површина, од компанијата реагираат и велат дека не толерираат однесување со кое се прекршуваат правилата.
– Пивара Скопје не толерира однесување со кое се прекршуваат правилата. Однесувањето на претставникот на Пивара Скопје е спротивно на корпоративната култура и правилата кои што им се добро познати на сите вработени во Пивара Скопје и на чие спроведување ние како компанија постојано инсистираме. Затоа превземавме итни мерки за идентификација на возачот и причините за несоодветното однесување за што истиот ќе биде санкциониран, велат од компанијаата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.