Новиот газиран сок Coca-Cola Zero почна да се произведува во „Пивара Скопје“ со што Македонија се придружи на повеќе од 100 земји во светот во кои е достапен овој пијалак.
– Со одлуката за проширување на нашето портфолио со Coca-Cola Zero, нов член во семејството на Coca-Colа, уште еднаш ја потврдуваме нашата трајна определба на потрошувачите во континуитет да им нудиме нови, оригинални, пијалаци со највисок квалитет – вели Маја Муратовска – Чанговска маркетинг координатор за безалкохолни пијалаци во Пивара Скопје АД.
Coca-Cola Zero ќе биде достапна за потрошувачите ширум земјата во повратно пакување во стаклена амбалажа од 0,25л, како и во неповратна амбалажа од 0,33л; 0,5л и 2л.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.