| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјани, вие сте на потег: Кој е овој објект?

skopska pivara 1926

Пивара Скопје е автентична приказна која ја создаваат голем број генерации горди Пиварци. Патот кон успехот веќе 92 години е заснован на најомилените брендови на безалкохолни пијалаци и пива на нашиот пазар.

Неколку интересни податоци од почетоците

Административните и производствените капацитети на Пиварницата до 1941 година биле сместени на 5.919 м2. Тие опфаќале главна фабричка зграда, одделение за слад, мелничко одделение, одделeние за варилници и варење на пивото, одделение за ладење на пивото, одделение за ферментација и одделение за одлежување на готовото пиво, одделение за миење, полнење и за пастеризирање на пивото, заедно со четирите одделенија: за киснење на бурињата, за миење на бурињата, за смолење на бурињата и за полнење на бурињата со пиво и за производство на мраз, како и одделенијата за машинско и техничко одржување.

pivaraskopje

Номиналното работно време пред војната било 8-часовен работен ден. Поради тоа што пивото најинтензивно се трошело во летниот период, од 1 април до 30 септември, се работело секој ден. Во есенскиот и во зимскиот период се работело само три дена неделно. Во последните три години пред војната, трошењето и производството на пиво пропорционално се зголемувале и тогаш секојдневно се работело во текот на целата година. (Skopjeinfo)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top