| четврток, 6 декември 2018 |

Ордановски му призна победа на Трајановски: СДСМ повторно ќе го загуби Скопје

Незадоволството на народот од СДСМ е огромно, а за тоа е свесен и Сашо Ордановски, еден од мозоците и мдиумски промотори на политиките на СДСМ. Човекот кој во 2014 година на СДСМ на чело со Заев му ја предвиде судбината на ПАСОК, кој му порача на Заев вината за поразот да не ја бара во народот туку во своите редови, во пресрет на локалните избори го потсетува Заев дека не ја научил лекцијата.

Ордановски: На СДСМ, можеби, ќе му се случи судбината на ПАСОК

Драмата низ којашто поминува СДСМ три месеци по формирањето на Владата е драмата на нивната кадровска политика, пишува Сашо Ордановски во колумна објавена на Плус инфо.

„По стотина дена на власт, незадоволството од кадровската политика што, низ меѓусебните преговори, ја водат Заев и Шекеринска (а потоа и со целата владејачка коалициска какофонија) е големо: во разни ешалони на партијата им врие, јавноста се забавува или се иритира со разни прва-рикверц кадровски решенија и на важни и на помалку важни места, во цели сектори (во здравството, на пример) разочарувањето е речиси превладувачко чувство“, пишува тојфокусирајќи се на битката за Град Скопје.

„На пример, мене не ми влегува во глава како може таков партиско-политички механизам како СДСМ, на само неколку недели пред изборите, да не знае кој им е кандидатот за градоначалник на Скопје?! Па, таа личност би требало да се знае барем со месеци, ако не и со години однапред, особено за партија која никогаш, од осамостојувањето до денес, не владеела со главниот град во државата (или можеби токму поради тоа)! Личните урбани, политички, културни, бизнис и други визии и релации на кандидатот за градоначалник на Скопје, жена или маж, се работа за која граѓаните на столицата имаат право да знаат многу порано од дваесетина дена во некаква трчи-мочај изборна кампања. Ете, кај ВМРО тој кандидат повторно е градскиот хаусмајстор Коце и за него нема човек од Скопје кој нема формирано мислење – Коце, ако јас се прашувам, би можел и дома да си ја отседи целата изборна кампања, оти неговиот ментален склоп и лопата-периметар се познати до болни детали. Вака, наместо да се занимаваме со евентуалните градски светогледи на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје, јавноста целата изборна кампања веројатно ќе ја помине во валкани препукувања по социјалните мрежи, шпекулирајќи за внатрепартиските кујни во владејачката партија. Тој, лош, филм во СДСМ го гледаме веќе триесетина години“, пишува Ордановски.

Според анкетата на „Павел Шатев“, ВМРО-ДПМНЕ води и во однос на партискиот рејтинг и довербата која ја има кај граѓаните. На претстојните локални избори, 37.8 проценти од анкетираните граѓани сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, додека 20.7 отсто велат дека тоа ќе биде СДСМ.

Анкета на „Павел Шатев“: Заев ги разочара граѓаните, вртоглав пад на СДСМ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top