| четврток, 6 декември 2018 |

Тони и Јовица Михајловски се враќаат на сцената на МНТ

Тони Михајловски, Јовица Михајловски и Ѕвездана Ангеловска се враќаат на сцената на МНТ. По долги години пауза, на дрвените даски повторно ќе застанат големите актерски имиња. Македонскиот народен театар ја најави премиерата на новата театарска претстава „Изгубени Германци“, во режија на Слободан Унковски, а по текст на Дејан Дуковски. Покрај Јовица, Тони и Ѕвездана, на премиерата закажана за 25 јануари, на сцената на МНТ ќе застанат и Никола Ристановски, Јордан Симонов, Камка Тоциновски, Оливер Митковски, Емил Рубен и Сања Арсоска. Предпремиерата е закажана ден порано, на 24 јануари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top