| четврток, 6 декември 2018 |

Гори Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба (видео)

Властите во Лос Анџелес прогласија вонредна состојба поради пожарот кој беснее во тој град.

Како што јавува „Би-би-си“, евакуирани се стотина жители на предрагијата Гландејл и Бурбенк, а во градот се шири чад. Оганот досега уништи три куќи, а автопатот 210 е затворен. Повредени се најмалку четворица.

Градоначалникот Ерик Гарсети прогласи вонредна сотојба во сабота навечер, а тоа го потврди и гувернерот на Калифорнија Џери Браун во неделата.

– Може да кажеме дека овој пожат е најголем во историјата на Лос Анџелес – изјави градоначалникот.

Пожарот зафати 2.023 хектари, а евакуирани се повеќе од 700 домови во северниот крај на Лос Анџелес.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top