| четврток, 6 декември 2018 |

„Скопско“ се лади, МВР и ПОЦ мижат (ФОТО)

МВР и ПОЦ за едни се мајка, за други маќеа. Но, „Пивара“ нема за што да се грижи, за нејзините возила нема сенка што е недостапна. Само еден булевар го дели овој безобразлак од Владата, каде што редовно патролира сообраќајна полиција, а колеж прават и пајаците на ПОЦ. Секако, околу Владата треба сѐ да биде пиц-пец. Но, очигледно сите се прават наудрени кога се во прашање брендираните возила на Скопска пивара.

Наместо да биде пример за општествена одговорност, оваа фирма-гигант е пример како на големите се недостижни за институциите или, пак, едноставно им прогледуваат низ прсти

Сите сме еднакви пред законот, но некои се поеднакви од другите. Срамота!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top