| четврток, 6 декември 2018 |

Пењавеа и белградските фонтани: Заев и Богоевски го продадоа рецептот за деструкција (ВИДЕО)

Заев и Богоевски го продадоа рецептот за деструкција во Србија, методите на Шарената револуција за уништување и создавање општ хаос можат веќе да се видат на улиците низ Белград.

Шест фонтани во главниот град на Србија викендов беа наполнети со детергент, објавија српските медиуми.

Павле Богоевски ги организирал демонстрациите против Вучиќ во Србија

Градскиот менаџер Горан Весиќ се сомнева дека се работи за организирана акција на анархистички групи, кои „веројатно мислат дека на овој начин можат да ги остварат своите болни политички амбиции или да свртат внимание кон себе“.

Деструкцијата која секаде поминува со осуда, како што тоа го гледаме во соседна Србија, во Македонија остана не казнета. Заев кој со помош на шарената револуција вршеше хаос и деструкција два ипол месеци низ улиците на главниот град, сега е Премиер, а луѓето кои го уништуваа имотот на граѓаните се вработуваат на товар на граѓаните во државната администрација.

Хулиганите на СДСМ продолжуваат да дивеат низ Скопје.

Тие уништуваат споменици кои ја симболизираат македонската историја и плукаат по сето она што ја симболизира македонската нација.

По боењето на Порта Македонија, споменикот на АСНОМ, споменот на децата бегалци и уште многу други значајни споменици, денес хулиганите го пробија дното.

Нема вода што ќе им ги испере гревовите: Хулиганите влегоа во фонтаната и ја осквернавија (ФОТО+ВИДЕО)

 

Според фотографиите штетата на овој споменик е огромна.

Дивеењето на хулиганите на СДСМ го пренесуваше порталот А1ОН.

Медимуте пишуваа дека Шарената револуција не е производ на Заев, туку рецепт преземен од Босна, во анализата „Безидејниот Заев купува 10 години стари сараевски фори“ „Курир“ обелодени дека, Срѓа Поповиќ и неговата организација КАНВАС кои преку таканаречени обоени револуции се обидуваат да срушат легитимни и демократско избрани влади, на СДСМ и опозицискиот лидер Зоран Заев им продале 10 години стара сараевска фора. КАНВАС воопшто не се крие дека дејствува во Македонија и на нивната интернет-страница е заведена и нашата земја.

Српски Канвас призна дека дејствува во Македонија, платеничката револуција демонтирана

 

Четириесет и тригодишниот Поповиќ во својата книга „Мостра за револуција“ детално објаснува на кој начин ги рушеле властите и дека секој што е заинтересиран може да му се јави.

„Мостра за револуција“ – српска книга од која „шарените“ учат како да дивеат по улиците, бојата им е увезена идеја

– КАНВАС и мене нè нарекуваат американски марионети, платеници на Сорос, српски агенти, терористи и со други погрдни имиња – се правда Поповиќ.

Активистите на КАНВАС уште пред две години држеле обуки на водачите на „Шарената револуција“. Детално биле разработени сите тактики, кои можевме да ги видиме на протестите на СДСМ, како што беше бојадисувањето на спомениците, истурањето боја во фонтаните,свртените огледала кон полицајците.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top