ВМРО-ДПМНЕ започна со најновиот начин на комуникација со граѓаните, тие од пред два дена преку трибините насловени „Отворено со комисиите на ВМРО-ДПМНЕ – Знаеме како, можеме подобро“, се уште поблиску до народот. Денеска комисијата за труд и социјална политика имаше трибина.
Модератор на трибината беше пратеникот од Владимир Ѓорчев, кој кажа дека она што во моментов се случува со сопирање на изградба на патишта, без зголемување на плати и пензии, буквално крахирање на институциите институциите, од пожари, па преку здравствениот сектор. Тој напомена дека кога ќе се врати ВМРО-ДПМНЕ на власт тоа веќе нема да се случува, она што граѓаните го гледаат дека се случува сега.
– Досегашната Влада на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски отвори некаде околу осумдесетина спортски сали, значи тука соодносот со СДСМ, ако го погледнеме семафорот во направени спортски сали не е 15-10, па ние да речеме Груевски отворил 15 сали, цело СДСМ 10, соодносот и резулатите е 80 спрема нула. Нека се обиде народот да се сети на отворена спортска сала од било кој политичар кој е од СДСМ, нема таква работа, ако направи ќе честитаме и тоа ќе го објавиме секаде, изјави Ѓорчев.
Тој порача и да се сетат граѓаните на една фабрика од СДСМ, нема таква, додека Никола Груевски има 70-тина отворени.
– Груевски го опозиција има повеќе фабрики отворени во опозиција отколку СДСМ на власт, напомена Ѓорчев.
Ѓорчев спомена и за политиките на Заев и СДСМ кои биле ветувани за младите, како што беше онаа дека секој млад човек кој ќе дипломира ќе добие три понуди, првата за продолжување на студиите, втората за пракса, третата за работно место.
– За некој ден поминуваат три месеци од ветувањето на СДСМ, нека најдат еден човек, освен пет шарени револуционери, кои добиле понуда за работа во Владата од СДСМ и од оваа владина гарнитура. Тоа беше ветување наречено „Младинска гаранција“, изјави Ѓорчев.
Тој оваа младинска гаранција ја спореди со ветувањето на Бранко Црвенковски, за по еден вработен во секое семејство, т.е. кажа дека е една голема лага. Ѓорчев се осврна и на ребалансот на буџетот кој го изгласаа пратениците од владеачкото мнозинство.
– Со ребалансот на буџетот се намалија средствата за изградба на старски домови и тоа значително со милиони и милиони денари, намалување на средставата за изградба на приватни старски домови, изјави Ѓорчев.
Тој напомена дека откако дојде СДСМ на власт, тие ги стопирале сите проекти на власта на ВМРО-ДПМНЕ и сега веќе нема зголемување на плати, на пензии, нема градба на автопатишта, како што кажа тој се е стопирано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)