Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров го освои првиот трофеј со Нант, откако на “Трофејот на шампионите” со 32:26 (18:16) славеше над супербогатиот ПСЖ.
Нант одлично му парираше на фаворитот, а до победата дојде со добра игра во второто полувреме. Голем удел во победата повторно имаше голманот Думолин, кој забележа фантастични 22 одбрани и меѓу стативите имаше 46 проценти ефикасност.
Лазаров на дуелот против ПСЖ постигна 4 гола, а најдобар стрелец кај Нант беше Гурбиндо кој беше перфектен и даде 6 гола. Кај ПСЖ, Ремили даде 7 гола, а го следеше Генсхајмер со 5 гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.