Министерството за здравство ќе се консултира со стручни лица дали да се проверуваат негативните наоди од направени биопсии. Ова следува откако вчера министерот за здравство изјави дека ултразвукот на Клиниката за онкологија и радиотерапија не се користи. Таму досега биле правени тенко-иглени биопсии на слепо без ултразвук, пишува „Здраство24“.
– Имавме случај во кој доктор на Онкологија, во целосно спротивност со стандардите на современата медицина, правел биопсии на слепо (без ехо) и покрај постоењето на опремата, и тоа тенко-иглени аспирации, наместо она што е стандард во современата медицина, а тоа се т.н. core-иопсии или ткивно-иглени биопсии – рече вчера министерот Никола Тодоров.
Доколку експертите констатираат дека е можно да има грешка во резултатите, ќе бидат повикани сите пациенти што правеле биопсија за да го повторат уште еднаш испитувањето, изјави денеска Тодоров.
Ако се утврди дека има грешка во резултатите, ќе бидат преземени мерки во согласност со законот, категоричен е министерот.
Тој додаде дека сега биопсии се прават во ГОБ „8 Септември“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.