– Проблем за вас е што постои оној вечен конфликт околу името со Грција за кој и ние имаме некакви позитивни сигнали и се надеваме дека ќе биде решен, вели таа за МИА. Но, она што овојпат е ново е дека известувачот Ричард Ховит самиот кажа дека ќе направи се што е во негова можност Македонија што поскоро да ги почне пристапните преговори со ЕУ, односно уште во јуни годинава да добиете датум. Тоа навистина би бил голем исчекор и затоа известувачот доби поддршка од сите во АФЕТ. Ние тоа со години го очекуваме и го бараме, оти Македонија многу години наназад го има завршено својот дел од работата и само чека на отворање на преговорите, ја пренесува МИА шведската европратеничката од групат ана Европските народни партии.
– Ова прашање со Грција ќе се реши, но да не ја спречуваме Македонија да почне да преговара, оти можеме паралелно да работиме. Во таа смисла, јас сум отворена за секој предлог што може да значи еден чекор напред и отворање на преговорите со вашата земја – децидна е Ибрисагиќ.
– Да видиме какви амандмани ќе бидат предложени за оваа Резолуција и не знам на крајот како таа ќе изгледа, но ние кои со години ја следиме вашата земја ќе се обидеме колку што е тоа можно да ги елиминираме негативните работи оти сметам дека Македонија заслужува да стане членка на ЕУ. Гледаме со последните случувања во Скопје што во негативна смисла носи кога некој кој си ја завршил својата работа мора да чека пред вратите на Унијата. Неисполнетите ветувања и очекувања носат негативни работи – смета европратеничката.
Во врска со повторениот предлог за воведување на механизам со кој ЕУ ќе врши арбитража на билатералните спорови, Ибрисагиќ смета дека ако низ арбитража може да се отвори еден дијалог и тоа да престане да биде пречка на патот на Македонија кон Европската унија, тогаш повикува преговорите да отпочнат, а ЕП да работи на тоа и во меѓувреме да се реши проблемот, пренесува МИА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


