| четврток, 6 декември 2018 |

Владиниот мерцедес во кампањата на СДСМ за локалните избори (ВИДЕО)

Скапиот мерцедес на Министерството за внатрешни работи е уште една од лагите на Заев во предизборието – иако ветуваше дека ќе го продаде и од парите ќе „ги потроши за поквалитетен живот на народот“, не само што го користи за намената за којашто го купи претходната влада, туку и за партиска кампања за локалните избори.

Иако камапањата се уште не е официјално започната, партиите се раздвижени на терен, а очигледно за таа пригода СДСМ избра да се движи со мерцедесот чијашто вредност ја проценуваше во „болни Тамари“.

Наместо „поквалитетен живот“ граѓаните од мерцедесот можат да добијат само „луксузна партиска кампања“ од власт која нема од што да се плаши, која ги отвори портите на Владата, но меѓу народот се движи со блиндирано возило.

Евтината пропаганда на СДС фатена на дело: Пред една недела не им чинеше неизмиениот мерцедес, сега возат гости во него (видео)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top