| четврток, 6 декември 2018 |

Хаосот во здравството не запира: И ќотек се добива на болничка постела

Нови ужасни сведоштва за условите и односот на Клинички центар се споделуваат деновиве. Порталот Мкд.мк објави сведоштво на човек кој бил натепан во болничка постела. Од ден на ден кулминираат хаосот и ужасите во здравството Таравари и Заев. Саша Цветковиќ за Мкд.мк раскажува дека неговиот внук бил физички нападнат, добил вербални закани од непознато лице, а по куса препирка бил физички нападнат и крвнички претепан во болничката постела.

Неговиот 28-годишен внук веќе седум дена е на Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје. Семејството на Кирил Божиновски нема никакви замерки за однесувањето на персоналот и за нивната професионалност.

-Но вчера, во еден часот по полноќ, во болничката соба влегло лице на возраст од околу 30-35 години, син на хоспитализирано лице што се наоѓало во истата соба, ја почнува Цветковиќ својата приказнa.

Гостинот легнал да спие на креветот помеѓу својот татко и внукот Кирил, кој се разбудил од гласното зборување и го замолил гостинот да биде потивок. Кирил веднаш добил закани и на албански и на македонски јазик, а по куса препирка добил и ќотек во болничката постела. Цветковиќ вели дека персоналoт повикал полиција, која по доаѓањето го затекнала напаѓачот во просторијата. Напаѓачот почнал да се кара и со полицајците, им се заканил со пиштол и избегал, пишува порталот.

-Внукот е сега преместен во соба 318, каде што го продолжува лекувањето. Како граѓанин на оваа држава, како човек што гласаше за промени, апелирам до сите надлежни органи да преземат мерки и да спречат во иднина вакви работи да не ни се случуваат, вели Цветковиќ и најавува можна тужба против болницата, која дозволила ваков јавашлук и безредие, и против насилникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top