| четврток, 6 декември 2018 |

„Антолог“ отвори нова книжарница: Заедно да споделиме повеќе љубов и книги, бидејќи во животот секој ред е важен!

Во центарот на Скопје синоќа свеченото беше отворена новата книжарница на „Антолог“. Мотото на сопствениците е: „Заедно да споделиме повеќе љубов и книги, бидејќи во животот секој ред е важен!“
Новата книжарница се наоѓа на следнава адреса: „Димитрие Чуповски“ бр. 31 лок. 1 (до Гимназијата „Јосип Броз Тито“).

Книжевниот центар АНТОЛОГ – Скопје е основан на 7 јули 1999 година, од страна на македонскиот писател Александар Кујунџиски, како почеток на дамнешна бизнис-идеја, а истовремено и како продолжение на една долга и разновидна уметничка традиција. Имено, до 1903-тата година во семејното стебло на Кујунџиски се впишани неколку генерации златари-кујунџии, a хуморот, сликарството, актерството, уметничката фотографија, исто така, се дел од оставината на Кујунџиски. Но, како што велат тие, “зборот е оној кој отсекогаш бил наша првична и основна инспирација. Зборот преточен во книжевност, belles-lettres… ”

Токму затоа, нивните почетоци се поврзани со oбјавување на делата на трите, исклучително плодни генерации писатели во семејството, за подоцна да ја прошират својата издавачка дејност.
“Литературата сè уште ја сфаќаме како силина на мислата и на зборот, но и како остров на кој е скриено најголемото човеково богатство – духовноста.” Затоа, АНТОЛОГ будно ги следи интересите на домашниот читател и модерните интернационални трендови во областа на литература.
Книжевниот центар АНТОЛОГ се наоѓа во Дебар Маало, а приказната продолжува со синоќешното отварање на новата книжарница во центарот на Скопје, во непосредна близина на Гимназијата Јосип Броз Тито.

 

извор: интериор.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top