| четврток, 6 декември 2018 |

Менаџерката откри чуден разговор со Шумахер: Ми кажа дека сака да исчезне

Поминаа повеќе од три години од несреќата на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Германецот Михаел Шумахер, поради која заврши во кома борејќи се за својот живот. Некое време помина во болница во Гренобел, а сега е на рехабилитација во својот дом во Швајцарија. Информациите за Шимахер во јавноста се многу ретки, а ги објавува неговата менаџерка Сабине Кем.

-Генерално гледано медиумите никогаш не известуваа за приватнот живот на Михаел и Корина. Еднаш долго разговаравме со Михаел и тогаш ми рече: @Следната година не мораш да ми се јавуваш, јас ќе исчезнам“, вели Кем.
-Мислам дека тоа беше неговиот сон, да може да го направи тоа еден ден. Тоа е причината зошто се уште сакам да ги заштитам неговите желби и да не дозволам истите да излезат во јавност, додаде Кем.
Таа објасни каков метеж настанал по несреќата која се случила додека и самата била на одмор . Медиумите постојано и поставувале прашања на кои таа немала одговор.
-Веста до мене дојде како и секогаш. Добив телефонски повик и и ми беше поставено прашање дали можам да потврдам дека Михаел имал несреќа. Не можев тоа да го потврдам, бидејќи бев на одмор со многу луѓе. По пет минути новинарот ми се издра зошто не можам да ја потврдам несреќата. Добив многу повици тоа попладне, а и сама се обидував да дојдам до информации, вели Кем.
Откако Шумахер бил примен во болница настанал општ хаос.
-Моравме да ја осигураме болницата и да ги држиме новинарите настрана, бидејќи тоа ќе им пречеше и на лекарите. Разбирам дека за тоа мора да се известува и дека луѓето се заинтересирни, но јас како новнарка верувам дека треба и да се запрашаме што и како ќе пуштиме во етерот. Паркингот и дворот на болницата беа стално полни. Испитувани беа луѓето кои ја посетуваа болницата. Беше хаотично, иаше случаи кога пријателите и роднините од другите пациенти се обидуваа да им извлечат информации на новинарите за пари. Тие лутаа наоколу и нудеа информации за Михаел, објасни Кем, менаџерката на најтрофејниот пилот во Формула 1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top