| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ ги објави кандидатите за градоначалници на Ѓорче Петров и Кисела Вода

Александар Наумовски ќе биде кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Ѓорче Петров. Тој ја потврдил кандидатурата и најавил победа во првиот круг.

СДСМ и коалиционите партнери ми укажаа голема чест за мојата повторна кандидатура за градоначалник на Ѓорче Петров, да добијам реванш овојпат во фер услови. Голема благодарност за истрајноста и поддршката од ѓорчепетровци во изминативе четири години. Ветувам дека агонијата во којашто беше западнато Ѓорче во последниве години, ќе ја смениме. Тоа Ѓорче го заслужува, да биде модерна општина. Напоменувам дека Ѓорче не признава партии, но огрномниот рејтин кон мене е резултат на препознавањето кој е вистински борец за решавање на проблемите на граѓаните. Тој огромен рејтинг ќе ми биде водилка да не ги разочарам, бидејќи гарантирам победа во прв круг, изјави Наумовски.

Вечерва стана официјална и кандидатурата на Филип Темелковски за кандидат за градоначаник за општина Кисела Вода. Во партијата постоеше двојба кого да предложи за кандидат – синот на бизнисменот Зоре Темелковски или директорката на Геронтолошки завод, д-р Елена Костова.

„Вечерва ја пишуваме програмата. Како што ветив вашите проблеми идеи и потреби ќе бидат приоритет во следниот мандат на новата локална власт.
Јас како иден градоначалник од редовите на СДСМ ќе ги направам промените“, напиша Темелковски на Фејсбук.

Според наши ниформации, опонентот на Темелковски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчуловски, на анкетите меѓу граѓаните најдобро котира, а зад него значително заостанува синот на Зоре Темелковски, Филип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top