| четврток, 6 декември 2018 |

Никола Груевски денеска на средба со европратениците Вајгл и Кукан (Видео)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со генералниот секретар Христијан Мицковски и членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, Александар Николоски и Влатко Ѓорчев, денеска остварија средба со пратениците во Европскиот парламент Иво Вајгл и Едуард Кукан.

На средбата соговорниците се осврнаа на актуелните политички теми и стратешките приоритети на државата.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакната загриженоста случаите на самоволие и отворено прекршување на законите од актуелната влада во поглед на именувањата, и работењето на конкретни институции на владата. На средбата беа посочени случаи на притисоци зад кој стојат политички мотиви врз администрацијата, како и дискриминација по повеќе основи, информираат од партијата.

Беше истакната и загриженоста за актуелната економска ситуација и негативните трендови во однос на макроекономската состојба која може да доведе до рецесија и слабеење на економскиот стандард на граѓаните. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски посочи дека стратешки интерес на државата останува членството во Европската Унија и НАТО алијансата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top