| четврток, 6 декември 2018 |

Во Охрид уапсен фолк пејачот Петар Нечовски

Фолк пејачот Петар Нечовски, осомничен за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ е уапсен од страна на охридската полиција, при што е поднесена кривична пријава против него за подметнување пожар.

– Истрагата утврди дека на 24 минатиот месец П.Н. по неуспешниот обид да оствари средба со еден музички новинар во продукција во Охрид, пред вратата на продукцијата запалил најлонска вреќа со ѓубре, изјавиле од МВР.

Пожарот навреме бил забележан и изгаснат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top