| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува „Дотерај го Скопје“ и кампањата главниот град на Македонија да стане европска зелена престолнина во 2025 година

Со отворање на изложбата „Урбани херои на Скопје“, денеска,  први септември,  во 20 часот во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“, почнува фестивалот „Дотерај го Скопје“.

На изложбата се претставени 50 интервенции на запуштени јавни простори во шест општини во Скопје (Кисела Вода, Центар, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош) кои беа „дотерани“ од страна на граѓаните. Доктори, адвокати, стоматолози, музичари, ликовни уметници,  пожарникари, дизајнери, трговци, бербери,  угостители  од сите генерации се дел од изложбата „Урбани херои на Скопје“.

– Граѓаните се пријавуваа, нашиот тим излегуваше на терен, доделуваше брзорастечки бршлени и тие се садеа. Се засадија 1.500 бршелни на 50 различни колации, инволвирани се околу 300 граѓани во проектот – објасни Александар Велиновски од „Јавна соба“.

Пoсетителите истиот ден ќе имаат можност да го следат  натпреварот за најдобар млад микрофон – млади стендап комичари, како  и концертите на Александар Пешевски и „Минстрелс  галери“.

Фестивалот „Дотерај го Скопје“ е заокружување на тримесечната интензивна работа на терен на граѓаните, а тимот кој го работи Фестивалот најави нова кампања за разубавување на градот.

– Овој проект беше еден тест за граѓаните да сфатат дека моќта на одлучување лежи во нивните раце и дека тие може да преземат нешто и Скопје да го видиме позелено и поубаво – објаснува Велиновски.

Тој ја најави и нова иницијатива „Скопје 20-25“. Тоа е предлог Скопје да стане европска зелена претстолнина во 2025 година.

– Верувам дека имаме шанса, но во оваа кампања треба да се вклучат повеќе инстуции. Зависи и од граѓаните, поддршката од медиумите. Мислам дека ќе успееме да го номинираме Скопје за зелена престолнина во 2025 година. Свеста кај граѓаните е на повисоко ниво, за разлика од пред две години – рече Велиновски.

Додека траеше „Дотарај го Скопје“ истовремено биле продуцирани пет музички спотови во продукција на „Јавна соба“ и кретивната гаенција Sawyer Finn од Скопје,  кои премиерно ќе бидат промовирани од  1. до 4. септември во вечерните часови.

Програмата на фестивалот „Дотерај го Скопје” e наменета за сите генерации и вклучува забава, практични работилници, дебати, авторска музика, комедија и добра храна.

Влезот  во Јавна соба е бесплатен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top