| четврток, 6 декември 2018 |

Во штипско Ново Село со панихида одбележана 93 годишнината од смртта на Тодор Александров (видео)

Со панихида во црквата „Успение на пресвета Богородица“ во Ново Село, Штип, одбележана 93 годишнината од убиството на Тодор Александров, народен трибун и човек кој бил најдолго на кормилото на историското ВМРО. На панихидата присуствуваа штипските пратеници од ВМРО Дпмне во македонското собрание, градоначалникот, членови на патриотското здружение кое го носи неговото име и мештаните, кои 20 –тина години по ред се и организатори на настанот. Според нив, обврска и чест е секоја година на 31 август да се потсетат на ликот и делото на Александров, кој е родум од Ново Село.

– Според многумина негови современици е еден од највлијателните претседатели на ВМРО. Тој е апостол на организацијата и според многумина е најсветлата точка на целокупниот македонски револуционерен дух- изјави Душко Иванов,  „Здружение на ликот и делото на значајни личности родени во Ново Село“

Иванов најави дека во иднина, а во согласност со принципите на Здружението, ќе организираат и други помени и свечености за останатите личности кои се по потекло од Ново Село и кои оставиле траен белег во македонската историја, наука, култура и уметност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top