Министре Сугарески ви честитаме! Успеавте да дадете сосема нова димензија и значење на зборовите дволичност, лицемерие, хипокризија! Или како што вели народот лажете без око да ви трепне!, велат од Опшстинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Оттаму посочуваат дека со фанфари одекнала веста дека Владата на СДСМ од чист популизам решила со измени на Законот легализација на дивоградби да го продолжи рокот за аплицирање на предмети и поднесување на документација за веќе поднесените предмети и како што истакнуваат, на тој начин им се умилкува на граѓаните во очи на претстојните локални избори.
-Како тоа нагло го сменивте своето мислење за законот кога во 2011 година на седница двапати одбивте да гласате за истиот и не го поддржавте и ги напуштивте седниците заедно со пратеничката група на СДС. За да не ви дадеме можност повторно да маниуплирате, во прилог се и листите со пратеници во кои јасно е заокружено вашето име. Дали сега кога дојдовте на власт сте подготвени како кнедли да ги проголтате сите свои прекршени ветувања?, прашува Александар Георгиоски од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Истакнува дека министерската фотеља му помогнала на Сугаревски да потврди дека претходните ставови биле само паради и циркус пред јавноста, и оти како Министерство и Влада немаат идеи, па почнале да ги копираат проектите на ВМРО-ДПМНЕ.
-Не радува што имплементирате проекти кои претходно сте ги критикувале, бидејќи тоа значи дека признавате дека истите се во интерес на граѓаните. Се прашуваме кој проект и закон наредно ќе го ископирате и кое свое ветување и став наредно ќе го прекршите. Очигледно е дека капацитет за работа немате, па затоа најлесно е да ја свиткате кичмата и да се китите со туѓи перја. Да ве потсетиме, владата на ВМРО ДПМНЕ со донесувањето на Законот за постапување на безправно изградени објекти им овозможи на граѓаните еднаш засекогаш да го решат прашањето за сопствен дом, вели Георгиоски.
Појаснува дека во нивната општина од започнувањето на примена на овој закон, од вкупно поднесените 14 илјади барања, решени биле над 9.500.
-Вие и СДС тогаш застанавте против овој закон и не го поддржавте. Баба лаже, стенограм и листа од собраниска седница не лаже! Како да ви веруваат граѓаните кога од ден во ден ги менувате своите ставови? Како да ви верува народот после ова дека нема да се населат бегалци во Македонија во Прилеп? Како ќе не убедите дека струјата нема да поскапи за 20% и дека нема да ни се зголемат даноците и давачките?, прашува Георгиоски.
Потенцира дека на граѓаните им требаат дела и проекти, и оти СДСМ никогаш не биле способни за тоа да го остварат.
-Единствено сте способни за ситни сплеткарења, вработувања на заслужни Соросови револуционери без јавен оглас и пазарења за фотељи во управни одбори. Вие не можете ни поделбите и несогласувањата да ги решите во својот Прилепски огранок на СДС во кој веќе се води рововоска битка за кандидат за градоначалник помеѓу староседелци и револуционери а камоли да работите во интерес на граѓаните. Самите со ненародните политики се осудивте на пропаст на претстојните локални избори кои ќе бидат само брз вовед кон вашиот пораз на централно ниво после кој СДС тивко ќе потоне во македонската политичка историја, рече Георгиоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)