| четврток, 6 декември 2018 |

Неспособната влада на Заев и Таравари е најодговорна за скандалите во здравството

Таравари и Зоран Заев се најсериозна болест која го зарази македонското здравство. Неспособната влада на Заев и Таравари е најодговорна за секојдневните скандали кои се случуваа во здравството и на крајот се плаќаа со човечки животи. Граѓаните ја увидоа неспособноста на Заев и Таравари. Нивното расипничкото управување и неспособноста резултираа со најцрната недела во историјата на македонското здравство. 10 детски животи згаснаа, без никој да понесе одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ, стои во реакцијата, предупредуваше дека ваквото неодговорно однесување на владата на СДС и Заев ќе предизвика непоправливи и ненадомесливи штети по здравјето на граѓаните.

– Граѓаните беа приоритет на ВМРО-ДПМНЕ. Под власт на ВМРО-ДПМНЕ е извршена целосна реконструкција на ГАК, беа набавени 11 респираторни машини, 16 инкубатори, 3 вормери, 1 ултразвучен апарат, 1 мобилен рендген апарат, 1 апарат за гасни анализи, 10 перфузори/инфузиомати. Се опремија најсовремени операциони сали, а во 2013 беа отворени и 5-тата операциона сала за минимално инвазивна хирургија, со најсовремена апаратура за лапараскопски интервенции, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поради целосната негрижа, неспособност и неодговорност, се додава во реакцијата, граѓаните на локалните избори на 15-ти октомври ќе му кажат НЕ на неспособниот Заев и СДС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top