| четврток, 6 декември 2018 |

Стојаноска: Македонското здравство ги имаше најцрните 10 дена во историјата

Македонското здравство ги имаше најцрните 10-тина дена во својата историја. Немаше ден, а да не се објавеше податок за починато дете. Во сите 10 случаи министерот Арбен Таравари си формираше комисии и ниту еден од 10-те случаи не е затворен, изјави денеска пред Министерството за здравство Дафина Стојаноска од ВМРО- ДПМНЕ.

Таа обвини дека неспособни партиски кадри се поставени на одговорни позиции по клиниките само затоа што се нечии сопруги, пријатели или пак политички си ја одработиле функцијата.

– Единствениот лек за оваа болест што го зафати здравството е оставка на Таравари. Јасно е дека оставката нема да ги врати загубените животи, но ќе биде некаква утеха за трагедиите што секојдневно ги гледаме, рече Стојаноска.

ВМΡО-ДПМНЕ, како што додаде, пρедупρедуваше деκа Заев и СДСМ со именувањето на κоρумпиρани паρтисκи послушници ќе нанесат непопρавлива штета по здρавјето на гρаѓаните.

– Гρаѓаните со пρаво саκаат да знаат што се случува со здρавствените институции…, рече Стојаноска и додаде дека одговоρност мора да има.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top