| четврток, 6 декември 2018 |

Јоци: Ефремовски, двете „Боемски“ ли ти го купија станот во Пефкохори или сестра ти од Германија?

Поранешната новинарка, политикологот Јорданка Ивановска – Јоци, продолжва да го разобличува криминалното работење и богатење на луѓето блиски до градоначалникот на Центар Андреј Жерносвски. Таа ја продолжува сторијата за богатството на Горан Ефремовски, раководителот на јавни набавки во Општина Центар, со изнесување документи дека освен палатата во Горно Соње Ефремовски поседува стан и во Пефкохори, Халкидики.

„Ефремовски, најдовме документ од Општина Халкидики со име и презиме како твоето, од мај годинава. Грциве многу ме сакаат.
Документ за приклучок за вода до станот. 
Твој е?
И водава како, тече?

Освен куќата во Горно Соње и џипот “БМВ” (фото 2), и овој стан ти го купи сестра ти од Германија ? Во мандат на Жерновски сево ова, како раководител за јавни набавки“, прашува Јоци.

Ефремовски и Жерновски преку социјалните медиуми се обидуваат да ја дискредитираат Ивановска. Иако ја нарекуваат „лажливка“, „манипулаторка“ и што уште не, досега не приложиле доказ со кој ќе ги побијат тврдењата на Ивановска.

„Жерновски, преку Твитер, ми порачал дека сево ова што го објавувам било срамота. Жити сѐ? А, тебе не ти е срам што граѓаните те бираа во три круга и ти веруваа?“, пишува Јоци на Фејсбук.

Откако ја објави информацијата за куќата во Горно Соње, Ефремовски, кој ја игнорираше информацијата за џипот, Ефремовски го истури бесот врз Ивановска со тон навреди, но и понатаму без да приложи ниеден лист хартија во одбрана.

Јоци: Палатата на раководителот на Сектор за јавни набавки на Андреј Жерновски полуксузна од куќите на Заеви

„Ефремовски, зел да ни објаснува во постот како имал приходи, остварени од приватна дејност во 2010 како клучен доказ дека не е корумпиран (од 2010 досега се поминати 7 години), поточно убедува дека со нив уште гради во 2017 и ваљда од истите купил џип.
Ок. За при крај на постот да сврти на друга страна и да тврди дека сестра му од Германија вложила во куќата.
Ефремовски, одлучи се – куќата ти е од приватна дејност или од сестра ти од Германија? Воедно, не си навел години, ни приходи.

Ме нарекува манипулаторка, лажливка, мизерна…па уште и ми порачува, јас да сум одела до УЈП по документи!? На сонцево?

Ефремовски, ти докажувај се, оди си до УЈП, всушност не мораш, ги имаш дома. 
Јас, изразив јавен сомнеж и го повикав Жерновски да си го викне Државен завод за ревизија и да нѐ убеди дали сѐ е чисто со јавните набавки, поточно да нѐ убеди колку и дали е чист.“, пишува Ивановска и потсетува дека преку Ефремовски се одввиаше изградбата на двете „Боемски“, оние најскапо платените улички во историја на повоена Македонија, од вкупно 360 метри и цена од 1,2 мил. евра.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top