На 31 август во Македонија престојува министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас. Домаќин е неговиот колега, министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров.
Министерот Никос Коѕиас ќе биде примен и од претседателот на Републиката, Ѓорге Иванов.
Македонски Манифест и Светскиот Македонски Конгрес организираат мирен протест во врска со посетата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас.
– Мирниот протест ќе се одржи пред Министерството за надворешни работи на Македонија, во 10.00 часот, а собирно место е фонтаната пред црквата “Пресвета Богородица“ на кејот на Вардар меѓу МНР и МАНУ. Организаторите имаат подготвено транспаренти. Поканети се сите добронамерници. Македонски Манифест и Светскиот Македонски Конгрес вчера испратија отворено обраќање до Владата и парламентарната опозиција за семакедонската црвена линија за името: СМЕ БИЛЕ, СМЕ И ЌЕ БИДЕМЕ МАКЕДОНЦИ И МАКЕДОНИЈА! Името на државата е идентитетот на нацијата! Македонски Манифест и Светскиот Македонски Конгрес бараат безусловен крај на разговорите за државното име Македонија и безусловно и итно продолжување на членството во Обединетите Нации под државното име Македонија, стои во соопштението од организаторите на протестот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.