| четврток, 6 декември 2018 |

Мистериозната магла на југот од Англија била „метеоролошки феномен“

Облакот од гас што беше објаснет како „мистериозна магла“, која во неделата зафати еден дел од јужниот брег на Англија, кај Истборн, била „метеоролошки феномен“, тврди британскиот токсиколог Џон Хоскинс.

Неочекуваниот инцидент предизвика вознемиреност кај локалното население и посетителите на брегот на Сасекс.

Со интервенцијата на специјалните екипи, плажите и Белите гребени над Ла Mанш, кои се популарни места за посета на туристите, беа итно евакуирани, а лугето натерани да заминат во своите домови и да останат во нив со цврсто затворени прозорци и врати.

Полицијата и натаму настојува да утврди што ја предизвика „маглата“ и каков гас имаше во неа, но потврди дека дури над 130 лица побарале лекарска помош во болницата во Истборн, поради проблеми со печење на очите и грлото, со гадење и повраќање.

Токсикологот Хоскинс, во изјава за телевизија Скај изјави дека можеби станува збор за загаден облак, кој преку Ламанш се префрлил од Франција, или Германија, но дека во случајов имало метеоролошки феномен.

– Сонцето и топлото време создале важни нешта кои претставуваат фотохемиски смог што содржи извесен број хемикалии опасни по здравјето на лугето, објасни овој експерт.

Тој истакна дека луѓето почувствувале мирис на хлор, но инсистира дека тоа сигурно не бил хлор, туку мирис на озон кој има слична миризба.

– Невозможно е да се предвиди озонот да отиде во воздухот, а посебно не може да се предвиди да се најде на земјата, рекол Џон Хоскинс.

Англиското јавно здравство продолжува да апелира до локалното население да се јават сите кои се уште чувствуваат тегоби од иритацијата што ја има предизвикано „мистериозната магла“ советувајќи ги да ги мијат очите, како и иритираните делови од телото со сапун и вода.

Сега се открива дека „маглата“ не се задржала само на малиот простор на брегот кај Истборн, туку се почувствувала, иако во помал обем и до градот Хејстингс, кој е оддалечен околу 40 километри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top