| четврток, 6 декември 2018 |

Докторите советуваат: Што смее, а што не трудница на плажа?

Има долга листа на работи што жените не смеат да ги прават во текот на бременоста, како пиење алкохол и пушење цигари, јадење одредена храна како сирова риба, да не го изложуваат телото на голем физички напор, да не се изложуваат на високи температури…

Истражувањата покажале дека кај трудниците кои биле изложени на високи температури во првите седум недели од бременоста има зголемен ризик детето да има проблеми со развој на черепот и долниот дел од ‘рбетот.

Докторите препорачуваат да го ограничите времето на седење во топла купка, сауна и слични активности на 10 минути и тоа дури по третиот месец од бременоста. Во првото тромесечје не се препорачува ништо од погоре спомнатото.

Експертите велат дека во првите три месеци од бременоста трудниците не смеат да дозволат температурата на телото да им се покачи над 38 степени Целзиусови, што се случува, на пример, по 10 минути седење во сауна.

Сончањето не е толку опасно. Иако е малку веројатно дека може толку да се „прегреете“ додека се сончате, сепак засолнете се под сенка и на ладно ако чувствувате дека ви е премногу топло.

Може да се сончате по малку, во утринските и попладневните часови. Во најжешкиот дел од денот одмарајте под сенка.

Ако летувате на море или езеро додека сте бремена, имајте предвид дека кожата е почувствителна во бременоста, па набавете млеко за сончање со највисок заштитен фактор.

Уште не е познато како точно влијаат УВ раците на бебето додека е во мајчината утроба, но има истражувања што укажуваат дека изложувањето на УВ зрачење ја намалува ефикасноста на суплементите што содржат фолна киселина, што е важна за правилен развој на бебето.

Пливањето се смета за безбедна активност во текот на бременоста. Ако имате здрава бременост, треба да вежбате умерено и редовно, но ако не сте добар или редовен пливач, најдобро е да се консултирате со доктор.

Пливањето е одличен начин за вежбање во текот на бременоста и делува терапевтски, особено во последното тромесечје. Водата во која пливате не смее да биде потопла од 32 степени Целзиусови. Безбедно е да пливате во базен со хлорирана вода во секоја етапа од бременоста.

Потепено зголемувајте го темпото и не пливајте подолго од 30 минути во серија. Исто така внимавајте постепено да го разладувате и стоплувате телото, односно не се изложувајте на големи температурни разлики.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top