| четврток, 6 декември 2018 |

Ентони Бордејн прави документарец за фрлањето убава храна

Ентони Бордејн планира да објави нов документарец кој ќе се фокусира на се поголемиот проблем на фрлање храна и да разговара со луѓе кои се борат против тоа.

Документарецот ќе се вика „Потрошено“ и во него ќе се појават и Масимо Ботура и Ден Барбер.

Фрлањето храна не е новина. Но, новината е во тоа што храната на овој начин сега се експонира како судбинска глобална тема. Принципите на одржливиот развој, усогласени во Париз може да се сменат само ако се сменат прехрамбените навики.

Огромните колични на храна која е за јадење, а завршува во отпад не можат веќе да се толерираат. Затоа се повеќе славни готвачи се занимаваат со оваа проблематика, а се чини дека ни Бордејн не е имун на ова глобално прашање.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top