Неисправна е водата за пиење во селата Градец и Трстија во општина Виница, покажале анализите на Јавното комунално претпријатие „Солидарност“.
– Во населените места Градец и Трстија квалитетот на водата не е на задоволително ниво. Анализите покажаа присутво на одредени бактери. Правиме напор со добиените резултати и мерките кои ни се дадени, да ја санираме состојбата и водата да биде исправна за пиење. Во текот на годината се јавуваат периоди кога водата е неисправна за пиење од селските водови како последица на поплави или врнежи, изјави Игор Спасовски, директор на ЈКП „Солидарност“ Виница.
Со набавката на хлоринатори за автоматско хлорирање на водата и сончевите панели за обезбедување електрична енергија, посочи Спасовски, квалитет на водата за пиење е подобрен, но за нејзина стопроцентна исправност треба да се изгради филтер станица за двете населени места.
– Општина Виница во изминатиов период инвестира во изградба на филтер станица во село Крушево. Анализите покажуваат дека сега таму водата е на добро ниво, истакна Спасовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пороен дожд во Виница, Гостивар, Крива Паланка и Демир Хисар
-
Хорор во Виница: Малолетничка силувана на градскиот стадион
-
Огромна поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ: Виница на нозе за промоцијата на Мартин Павлов (Фото)
-
Груевски: Направено е многу за Виница во изминативе 4 години,а она што радува е изградената индустриска зона во близина!