| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел: Ќе разговараме за желбите на Британија, но мора да бидат подготвени на компромис

Германската канцеларка Ангела Меркел му порача на британскиот колега Девид Камерон дека Германија е подготвена да разговара за желбите на Британија, но и дека Британците мора да бидат подготвени на компромис.

– Германија и јас сакаме Британија да биде важен дел и активен член на ЕУ. Подготвени сме да разговараме за британските желби но секогаш треба да имаме на ум дека други земји имаат свои желби и дека мора да најдеме фер и компромисно решение, изјави Меркел.

Изјавата на канцеларката е реакција на говорот на британскиот премиер во кој се закани дека ако победи на следните избори во 2015 година ќе организира референдум на кој ќе ги праша Британците дали се за да останат во Унијата или не. Меркел најави дека во следните месеци ќе има интензивни разговори за идеите на Лондон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top