Државниот обвинител на Олденбург, Мартин Козиолек, рече дека очекува неговата канцеларија да изнесе повеќе обвиненија до почетокот на 2018 година против затвореникот Нилс Хогел, кој на пациентите им давал преголема доза на срцеви и други лекови, бидејќи уживал во чувството да може да ги реанимира.
Шестмина вработени во клиниката Делменхорст се обвинети за убиство затоа што не побарале помош, додека истрагата за небрежност во болницата Олденбург продолжува.
Ако тврдењата се покажат за точни Хогел ќе биде на истата на најлошите сериски убијци во историјата на Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.