Српските медиуми денеска објавуваат снимка од „настапот“ на шефот на дипломатијата на Србија, Ивица Дачиќ, во грчкото одморалиште Паралија.
Дачиќ бил гостин на вечерата на 300 српски наставници и ученици од Јагодина, каде градоначалник е Драган Марковиќ – Палма, познат по слични испади во јавноста, кои во Паралија се дојдени заедно со градоначалникот за „да разменат искуства со своите грчки колеги“.
На мини концертот, министерот со скромини гласовни способности ги забавувал наставничките со 10 песни – српски, руски и грчки.
Ова не е прв пат Дачиќ да има вакви настапи, а познат по тоа стана на настапот во Босна и Херцеговина кој беше објавен во јавноста. Тој „настапи“ и на инаугурацијата на претседателот Александар Вучиќ каде пред амбасадорите ја пееше „О соле мио“.
извор: маркукуле
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)