На 24 септември годинава, Македонската православна црква – Охридска архиепископија ќе впише уште еден светец во православниот календар.
Големата литија со пренос на моштите ќе почне од црквата “Свети Ѓоргија” во Криводол, каде што е резиденцијата на архиепископот г.г. Стефан. Според засега непотврдени информации, моштите на светецот, најверојатно, ќе бидат пренесени со пајтон до соборниот храм „Свети Климент Охридски“, каде ќе биде извршен чинот на прогласување на светец, објави Религија.мк.
Моштите на светиот Јоаникиј Ракотински ќе бидат ставени во кивот (специјален сандак за мошти), а во црквата ќе биде изложени и видлив черепот на светецот, на кој верниците ќе можат да се поклонуваат.
Телото на архимандритот од скопското село Ракотинци и по речиси 80 години од неговата смрт речиси не е распаднато. До 2010 година се наоѓаше во гроб во дворот на црквата “Свети Илија” во скопско Ракотинци. Поради информации дека постои опасност телото да биде украдено, МПЦ во 2010 година го откопа и денес се чува на безбедна локација во Скопската епархија.
Архимандритот Јоаникиј е роден 1839 година, а починал на 24 јануари 1940 година, на 101-годишна возраст. Додека се уште бил жив, архимандритот сам си го ископал гробот каде и го закопале по смртта.
40 години по неговата смрт, на чуден начин, најверојатно преку ерозија на земјиштето, неговите мошти се појавуваат на површината од гробот. Поради стравот од тогашните комунистички власти, мештаните веднаш повторни ги закопале иако констатирале дека телото е во целосно здрава и во нераспадната состојба.
Но, моштите на Јоаникиј се појавуваат повторно. Второто појавување била доволна причина за да се увери македонската православна јавност дека нешто свето има во самите мошти. Тие биле нераспаднати и по второто појавување.
По второто појавување, локалниот свештеник и селаните го закопале архимандритот во селските гробишта, за подоцна да го вратат во неговиот првобитен гроб. Овој пат, тие го ставиле во стаклен сандак обложен со камени плочи кои се наоѓале насекаде околу ковчегот, освен на лицето. Лошата заштита довела до благо оштетување на телото, но сепак истото и денес е доста заштитено.
Пред извесно време признание за светоста на Јоаникиј дојде и од Грчката православна црква. Јоаникиј од Ракотинци, еден современ охридски светец!, под овој наслов архимандритот на Грчката православна црква Порфириј, игумен на Свештената обител на Манастирот “Свети Јован Крстител” кај Верија, напиша текст за канонизацијата на светиот Јоаникиј од Ракотинци, што Македонската православна црква ќе ја изврши оваа година.
Архимандритот Порфириј пишува дека пред повеќе од дваесет години во црковен весник од Охрид за првпат ја видел веста и фотографиите од еден чудесен човек божји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Свети Тома седи дома: Утре го славиме светецот кој се сомневал во Христовото воскреснување
-
Започнете бизнис или тргнете на патување: Утрешниот светец ви гарантира успех
-
Денеска е Св. Елисеј: Сите жени кои го имаат овој проблем, задолжително да го направат ова…
-
На денешниот празник задолжително се јаде риба, а пред спиење покрај креветот се остава ова!